Израелска армија: 40 ракети лансирани кон Израел од Либан
Речиси 40 ракети биле лансирани во текот на утрото од Либан кон Горна Галилеја и Голанската Висорамнина, соопшти израелската армија. Некои од ракетите биле пресретнати од противвоздушна одбрана, а засега нема информации за повредени, пишува „Тајмс оф Израел“. Нападот се случи кога израелската армија синоќа нападна складиште за оружје на...
Речиси 40 ракети биле лансирани во текот на утрото од Либан кон Горна Галилеја и Голанската Висорамнина, соопшти израелската армија.
Некои од ракетите биле пресретнати од противвоздушна одбрана, а засега нема информации за повредени, пишува „Тајмс оф Израел“.
Нападот се случи кога израелската армија синоќа нападна складиште за оружје на Хезболах длабоко во либанска територија./Извор:Makfax