Чупеска: СДСМ ќе мора да расчисти еднаш за секогаш со клиентелизмот, па така “посветените” ќе имаат многу повеќе простор

„СДСМ, исто така ќе мора да расчисти еднаш за секогаш со клиентелизмот. Во актуелнава состојба овој предизвик е со олеснителна и поволна околност, затоа што “губитничкиот” тестамент сам ќе ги исфрли од играта клиентелистите, па така “посветените” ќе имаат многу повеќе простор, а ова исто е тенденцијата согласно по логиката...

мај 27, 2024 - 14:00
 0  3
Чупеска: СДСМ ќе мора да расчисти еднаш за секогаш со клиентелизмот, па така “посветените” ќе имаат многу повеќе простор

„СДСМ, исто така ќе мора да расчисти еднаш за секогаш со клиентелизмот. Во актуелнава состојба овој предизвик е со олеснителна и поволна околност, затоа што “губитничкиот” тестамент сам ќе ги исфрли од играта клиентелистите, па така “посветените” ќе имаат многу повеќе простор, а ова исто е тенденцијата согласно по логиката на инклинирање кон победникот,“ вели универзитетската професорка Ана Чупеска за „Либертас“, осврнувајќи се на пост изборните резултати.

Таа важноста на ова, ја посочува на тоа дека на секоја демократија, па и на нашата, неопходна и е здрава, пргава, и силна опозицијата. Во спротивно полесно постанува автократија.

Во однос на внатрепартиските состојби, Чупеска посочува дека тие добиваат чудни димензии и изразува убедување дека важно е во СДСМ да се осигура дека ќе има баланс меѓу континуитетот (на пр. преку заседание на првенците и наследниците) и дисконтинуитетот (новото СДСМ).
Според Чупеска, воопшто нема никакво фајде од егзибиции од типот “СДСМ се криви ВМРО што се на власт”. Исто како што нема фајде ни од разулавени и изгубени по фејсбукот исповеди од партиски членови, па и препирки, за тоа кој каков бил; кој што направил; кој е крив, кој е прав или можеби е нездрав.

Професорката смета дека, расправата, сега, треба да се насочи кон конкретни методи и солидна сила, прво во правец да се спречи понатамошното кооптирање кон победничкиот естаблишмент (што е во тек, а и ќе продолжи по инерција во следниот период- заради една многу проста и стара шема: на приклонување кон победникот). А кооптирањето мора да се инвалидизира.

Како втора работа, посочува дека важно е СДСМ да се ситуира повторно низ потребата од идејно угнездување и анимирање на оние кои не се членови, а сепак се прогресивни по убедување. И како трето, вредноста на мултикултурата која беше prima sticky материјa, а попатно се размачка како кашканица, ќе мора одново да се утаби на новите шини, односно да се втисне, пломбира. И ова од особена вредност сега кога условите се вистински предизвикувачки за ваков идеен come back на мултикултурата.

„Но, сепак, оригиналната позиција не би смеела да се напушти. Зошто, ако се тргне натаму, во такви некои националистички реформски зафати, освен што самата соц. дем. идеја ќе биде доведена во прашање, последичниот одиум исто така ќе ја соочи со перфектно слаб перформанс, прво како да е нешто неприродно, и второ, ќе биде тоа најслабиот етно-националистички политички субјект соочен со докажани наци-габарити од од секаков победнички вид,“ смета Чупеска.

Таа заклучува дека нужна е старо-нова мултикултурална артикулација, изведена по свежа метода и низ нови внатрепартиски процедури. Оригинални и уникатни.