Денеска облаци и сонце, утре дожд и снег
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Локално ќе има услови за развој на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Минималните температури ќе се движат од 0 до 9, а максималните од 12 до 20 степени. Во Скопје, променливо облачно со подолги сончеви периоди. Ќе дува слаб...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Локално ќе има услови за развој на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Минималните температури ќе се движат од 0 до 9, а максималните од 12 до 20 степени.
Во Скопје, променливо облачно со подолги сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде 8, а максималната 20 степени.
Утре ќе има брз продор на студена воздушна маса од север, кој ќе предизвика значителна промена на времето. Ќе преовладува претежно облачно време со врнежи од дожд, а на повисоките места од дожд и снег. На планините врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка (10 до 15см). Ќе дува засилен северен ветер (над 70км/ч.) и температурите значително ќе опаднат.
Во понеделник со засилен северен ветер наместа повремено ќе провејува слаб снег. Потоа времето ќе биде стабилно и ветровито со утринските температури кои насекаде ќе бидат негативни./Извор:Makfax