Деспотовски: На претстојниот Конгрес ќе се фокусираме на анализа на тоа што ни се случи на изборите

„Уште не е започната постапката за избор на претседател на СДСМ. Течат роковите за Конгрес. За кој се надевам дека нема да дискутираме за тоа кој е одговорен за изборниот пораз него ќе се фокусираме на важните работи, а тоа е анализа на тоа што ни се случи, кои се...

мај 15, 2024 - 07:00
 0  6
Деспотовски: На претстојниот Конгрес ќе се фокусираме на анализа на тоа што ни се случи на изборите

„Уште не е започната постапката за избор на претседател на СДСМ. Течат роковите за Конгрес. За кој се надевам дека нема да дискутираме за тоа кој е одговорен за изборниот пораз него ќе се фокусираме на важните работи, а тоа е анализа на тоа што ни се случи, кои се причините“ рече Јован Деспотовски директор на ТИРЗ на поткастот „Политиканти“ на „Слободен печат“.

Тој додаде дека СДСМ пред седум години поттикна супер енергија во општеството и луѓето добија надеж за промени на подобро.

„Должиме одговори на тие прашања на нашите членови, па после и сите граѓани на општеството, каде потфрлиме сериозно“, рече Деспотовски.

Тој додаде дека бројот на луѓето со прогресивни ставови со години наназад се намалува.

„Прогресивноста еродираше во изминатиот период, дали заради тоа што луѓето се повлекле и тргнале настрана или едноставно ги снемало во државата. Имавме ситуација во 98ма кога се случи пораз и смени власта догаш. 2002 СДСМ се врати на голема врата. Кога зборуваме за прогресивниот елемент, односно оние кои даваат глас на СДСМ, критичната маса тогаш била голема. 2016 година тој процес на отселување и пасивизација беше помала, но беше доволно гласна да поттикне други сегменти во општеството. Многу малце направивме да ги задржиме“ посочи Деспотовски.

Тој додаде дека дел од тие гласачи од 2016 година пак се пасивизирале и дека следниот предизвик на СДСМ ќе биде да ја врати довербата кај овие гласачи.

„Ќе имаме сериозен предизвик тие луѓе повторно да ги поттикнеме да не гледаат и да не слушаат што зборуваме без притоа да сменат канал. И да видиме дали таа бројка се уште е доволно значајна да за видиме дали можеме за 4 години или во наредниот период да бидеме повторно конкуретни“, потенцираше Деспотовски.