Детали за убиството во Боговиње: Во кафеаната во која бил застрелан мажот имало и други лица, се сослушуваат сведоци
Обвинителството изнесе детали за убиството што утрово се случи во угостителски објект во Боговиње. Од тука велат дека бил извршен увид, а убиецот е идентификуван и приведен. Кај него е пронајдено и оружјето со коешто го извршил делото. Според првичните информации, настанот се случил во угостителски објект во кој во...
Обвинителството изнесе детали за убиството што утрово се случи во угостителски објект во Боговиње.
Од тука велат дека бил извршен увид, а убиецот е идентификуван и приведен. Кај него е пронајдено и оружјето со коешто го извршил делото.
Според првичните информации, настанот се случил во угостителски објект во кој во тој момент имало и други лица.
„Осомничениот и жртвата имале вербална расправија, по што сторителот извадил огнено оружје и започнал да пука“, велат од Обвинителството.
Издадена е наредба за обдукција на починатиот, како и наредба за прибирање и вештачење на траги од лице место.
Ќе се вршат разговори со сведоци на настанот и со други лица.
Претходно, од МВР информираа дека за убиството е осомничен педесетгодишен маж со иницијали М.М., додека жртвата е А.Ј. од Боговиње. Убиството се случило утрово околу 10 часот и 15 минути, а 15 минути подоцна мажот бил фатен во своето „бмв“ во Тетово и приведен од страна на полицијата.
При прегледот на возилото била пронајдена и одземена автоматската пушка со којашто го извршил убиството./Извор:Makfax