Два беспилотни летала нападнаа ирачка воздушна база во која се стационирани американски војници

Две вооружени беспилотни летала ја нападнаа ирачката воздухопловна база Аин ал-Асад, каде што се стационирани американските сили, но нема жртви или штети, изјавија денеска безбедносни и владини извори во Багдад, пренесоа агенциите. Во понеделникот напад врз воздухопловната база Аин ал-Асад, каде што се стационирани американски и други меѓународни сили во...

окт 31, 2023 - 11:30
 0  1
Два беспилотни летала нападнаа ирачка воздушна база во која се стационирани американски војници

Две вооружени беспилотни летала ја нападнаа ирачката воздухопловна база Аин ал-Асад, каде што се стационирани американските сили, но нема жртви или штети, изјавија денеска безбедносни и владини извори во Багдад, пренесоа агенциите.

Во понеделникот напад врз воздухопловната база Аин ал-Асад, каде што се стационирани американски и други меѓународни сили во западен Ирак, беше извршен со четири ракети „Качуша“, соопштија безбедносни извори, а не се знае дали има жртви или штета во овој напад, според британската агенција.

Ракетите биле лансирани од пустинска област на речиси 25 километри северно од базата, а ирачките безбедносни сили почнале потрага по напаѓачите, соопштија два безбедносни извора.

Нападите врз американските сили во Ирак се интензивираа откога на 7 октомври избувна конфликтот меѓу Израел и палестинскиот Хамас. Ирачките милитантни групи поврзани со Иран се заканија дека ќе ги гаѓаат објектите што ги користат САД со ракети и беспилотни летала доколку Вашингтон му помогне на Израел во војната против Хамас во Појасот Газа.