Филипче: И Каранфилова Пановска и Димитријевиќ се одлични кадри и докажани професионалци

Предизвик беше да се направи еден тим којшто ќе биде различен, којшто ќе биде спој на искуство и младост и тим којшто допрва ќе ја освојува политичката сцена кај нас, рече лидерот на СДСМ Венко Филипче во интервју за 360 степени. Зборувајќи за првите најблиски соработници, генералниот секретар и заменик...

дек 2, 2024 - 23:00
 0  1
Филипче: И Каранфилова Пановска и Димитријевиќ се одлични кадри и докажани професионалци

Предизвик беше да се направи еден тим којшто ќе биде различен, којшто ќе биде спој на искуство и младост и тим којшто допрва ќе ја освојува политичката сцена кај нас, рече лидерот на СДСМ Венко Филипче во интервју за 360 степени.

Зборувајќи за првите најблиски соработници, генералниот секретар и заменик претседателката на СДСМ, Филипче порача дека и двајцата биле докажани, професионални кадри.

„Генералниот секретар беше одличен менаџер на симулацискиот центар којшто е центар етаблиран и од Медицинскиот факултет во Скопје и од Министерството здравство и од Медицинскиот факултет на Универзитетот во Штип и се покажа како одличен менаџер. Многу добро го познавам, исто како што ја познавам и заменичката Фани Каранфилова Пановска која години наназад работи во една општествена сфера. Подобрувајќи ги условите и услугите во делот на социјалата, во делот на образованието во делот на здравството. Таа е е неуморен работник, навистина голем професионалец со многу добра професионална работна навика и систем што мислам дека одлично ќе биде имплементиран и во партијата. Со нејзе работевме на поставување на системот на амбуланта во населбата Шуто Оризари, понатаму на подобрување на социјалните услуги на ранливите категории на Роми и луѓе со попречености. Така што она е веќе докажан работник во таа сфера“ посочи Филипче.

Во однос на реакциите од одредени бивши партиски функционери, Филипче рече дека вратата на СДСМ е отворена за секого и дека тој лично смета дека нема потреба од „расчистување“ со никого.