Г7: Ќе ја зајакнеме воздушната одбрана на Украина

Земјите-членки на Г7 се решени да ја зајакнат воздушната одбрана на Украина, изјавија денеска нивните министри за надворешни работи кои се собраа на состанокот во Капри. Седум суперсили – Италија, Канада, Франција, Германија, Јапонија, Велика Британија, САД и ЕУ – силно ја критикуваат руската инвазија на Украина, која трае повеќе...

април 19, 2024 - 19:00
 0  0
Г7: Ќе ја зајакнеме воздушната одбрана на Украина

Земјите-членки на Г7 се решени да ја зајакнат воздушната одбрана на Украина, изјавија денеска нивните министри за надворешни работи кои се собраа на состанокот во Капри.

Седум суперсили – Италија, Канада, Франција, Германија, Јапонија, Велика Британија, САД и ЕУ – силно ја критикуваат руската инвазија на Украина, која трае повеќе од две години.

Сепак, Киев ги предупредува дека мора да ја сменат стратегијата доколку сакаат Украина да издржи се подеструктивни руски воздушни напади. Русија негира дека мета и се цивилите, но смета дека енергетскиот систем на Украина е легитимна цел. Во овие напади беа убиени стотици цивили.

„Г7 ќе ја зајакне воздушната одбрана на Украина за да спаси животи и да ја заштити критичната инфраструктура“, рекоа министрите за надворешни работи, додавајќи дека ќе ја зголемат одбранбената и безбедносната помош за Киев.

„Ние сме решени да продолжиме да обезбедуваме воена, финансиска, политичка, хуманитарна, економска и развојна помош за Украина и нејзиниот народ“, додаваат тие.

Изјавата беше објавена на крајот од тридневниот министерски состанок во Капри, каде главни теми беа Украина и воените конфликти меѓу Израел и Иран.