Голема акција на полицијата и Јавното Обвинителство низ Македонија: Се апси, се вршат претреси…
Во тек е голема полициска акција која е под раководство на ОЈО ГОКК, а учествуваат БЈБ и МВР. Во моментов се вршат претреси на повеќе локации низ Македонија. Според достапните информации претресите се со Наредба на судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје, а во врска со сторени...

Во тек е голема полициска акција која е под раководство на ОЈО ГОКК, а учествуваат БЈБ и МВР.
Во моментов се вршат претреси на повеќе локации низ Македонија.
Според достапните информации претресите се со Наредба на судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје, а во врска со сторени кривични дела поврзани со набавка на деривати.
Неофицијално има и приведено лице.
Од Обвинителството најавуваат повеќе детали за утре.