Големо невреме се заканува да ја парализира Словенија: црвено предупредување издадено за поголемиот дел од земјата

Во поголемиот дел од Словенија е издадено црвено предупредување поради обилните дождови, а најмногу проблеми има општината Толмин во Башчанска Грапа. Според податоците на Агенцијата за животна средина (АРСО), реките Випава и Идријца се излеваат. „Иако во текот на ноќта немаше посериозни проблеми поради водата, ситуацијата утринава се промени и...

окт 27, 2023 - 16:20
 0  0
Големо невреме се заканува да ја парализира Словенија: црвено предупредување издадено за поголемиот дел од земјата

Во поголемиот дел од Словенија е издадено црвено предупредување поради обилните дождови, а најмногу проблеми има општината Толмин во Башчанска Грапа.

Според податоците на Агенцијата за животна средина (АРСО), реките Випава и Идријца се излеваат.

„Иако во текот на ноќта немаше посериозни проблеми поради водата, ситуацијата утринава се промени и водата сега, како што јави словенечката телевизија ‘Н1’ , навлегува на сите страни.

Патот кон Пиран е затворен. Мештаните веќе подготвија брани од вреќи и штици, кои треба да спречат навлегување на водата.

Словенечката „Н1“ ја споредува моментната состојба во Пиран со онаа од 2019 година кога е забележано второто највисоко ниво на морето во последните 50 години.