Илиевски: Заканите од трговците за отпуштања се последица на слабото лидерство на Мицкоски

-Заканите од трговците за отпуштање на 5000 работници се директна последица на неспособноста на Владата на ВМРО-ДПМНЕ да води економска политика која ќе ги заштити граѓаните, но и ќе обезбеди стабилност за работниците и компаниите. Така е кога Мицкоски наместо да биде лидер, глуми набљудувач во државата која ја води,...

февруари 14, 2025 - 18:00
 0  2
Илиевски: Заканите од трговците за отпуштања се последица на слабото лидерство на Мицкоски

-Заканите од трговците за отпуштање на 5000 работници се директна последица на неспособноста на Владата на ВМРО-ДПМНЕ да води економска политика која ќе ги заштити граѓаните, но и ќе обезбеди стабилност за работниците и компаниите. Така е кога Мицкоски наместо да биде лидер, глуми набљудувач во државата која ја води, рече во одговор на новинарско прашање, Методија Илиевски, потпретседател на СДСМ.

-СДСМ, додека беше на власт, успеваше да донесе мерки кои ја контролираа ценовната криза без да дозволи отпуштања. Зошто? Затоа што се боревме за интересите на граѓаните, но и за стабилноста на пазарот.

Граѓаните веќе плаќаат цена за неспособноста на Мицкоски. Затоа им порачуваме да ги прифатат овие решенија како пакет мерки кои се во интерес на граѓаните и стопанството, рече Илиевски.