Министерот Тошковски го призна скандалот кој го објави СДСМ
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски го призна скандалот кој го објави СДСМ денеска. Тој во изјава за Сител најави кривична одговорност за вработениот во МВР по чија наредба не е казнет братот на градоначалникот на општина Гази Баба кој возел побрзо од дозволеното и наместо него е казнет сосема...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски го призна скандалот кој го објави СДСМ денеска.
Тој во изјава за Сител најави кривична одговорност за вработениот во МВР по чија наредба не е казнет братот на градоначалникот на општина Гази Баба кој возел побрзо од дозволеното и наместо него е казнет сосема друг граѓанин кој воопшто нема врска со сторениот прекршок.
– Беше утврдена фактичка состојба многу пострашна од онаа што беше објавена од СДСМ, односно се утврди дека конкретниот полициски службеник постапил спротивно на неговите законски овластувања и дозволил одредено лице да помине без соодветна казна што требало да му биде изречена. Тоа е првиот прекршок. Вториот прекршок којшто е уште пострашен е тоа што недолжен граѓанин, кој не е поврзан со настанот, го навел во рамки на документацијата што се изготвува од страна на Министерството за вантрешни работи со што сторил одредено кривично дело кое ќе биде процесурирано од страна на Министерството за внатрешни работи, изјави попладнево Тошковски за телевизија „Сител“.
Братот на градоначалникот на Гази Баба кој возел со 88 километри на час, наместо дозволените 50 километри на час, според министерот Тошковски, денеска сам се пријавил во полициската станица „Пролет“ и му е изречена прекршочна парична казна од 300 евра, а ќе се процесуира и забрана за управување со моторно возило.