Иран претстави нова балистичка ракета: „Доколку нè нападнат, ние ќе возвратиме насилно“

Иран вчера претстави нова балистичка ракета со дострел до 1.200 километри, објавија државните медиуми. „Балистичката ракета на цврсто гориво „Гасем Басир“, со дострел од најмалку 1.200 километри, е најновото одбранбено достигнување на Иран“, објави иранската државна телевизија. Западните земји се загрижени за напредокот на иранската програма за балистички ракети, која...

мај 5, 2025 - 16:00
 0  0
Иран претстави нова балистичка ракета: „Доколку нè нападнат, ние ќе возвратиме насилно“

Иран вчера претстави нова балистичка ракета со дострел до 1.200 километри, објавија државните медиуми. „Балистичката ракета на цврсто гориво „Гасем Басир“, со дострел од најмалку 1.200 километри, е најновото одбранбено достигнување на Иран“, објави иранската државна телевизија.

Западните земји се загрижени за напредокот на иранската програма за балистички ракети, која веќе е обвинета за дестабилизација на Блискиот Исток, а чии ракетни капацитети го ставаат Израел, неговиот заколнат непријател, во дострел на оганот.

Државната телевизија објави видео од лансирањето на новата ракета за време на интервјуто со министерот за одбрана, генерал Азиз Насирзадех.

„Доколку нè нападнат и биде покрената војна против нас, ние ќе возвратиме насилно и ќе ги таргетираме нивните интереси и бази“, рече министерот.

Тој додаде дека Иран „не негува непријателство кон соседните земји, но американските бази се ирански цели“./Извор:Makfax