Костадиновска-Стојчевска: Исполнето ветувањето – платите на културните работници од денес покачени за 12 отсто

„Како што ветив, платите на културните работници од денеска се покачени за 12%. Оваа Влада предводена од СДСМ се грижи подеднакво за сите. Од 2019 година до денес, покачувањето на платите во Секторот култура се искачи на 52%, со потпишувањето на Колективниот договор“ напиша министерката за кулутра Бисера Костадиновска-Стојчевска на...

април 19, 2024 - 19:00
 0  0
Костадиновска-Стојчевска: Исполнето ветувањето – платите на културните работници од денес покачени за 12 отсто

„Како што ветив, платите на културните работници од денеска се покачени за 12%. Оваа Влада предводена од СДСМ се грижи подеднакво за сите. Од 2019 година до денес, покачувањето на платите во Секторот култура се искачи на 52%, со потпишувањето на Колективниот договор“ напиша министерката за кулутра Бисера Костадиновска-Стојчевска на социјалните мрежи.

Таа додаде дека две години се бори за повисоки плати за вработените во кулутрата и успехот од тоа не може никој да го порекне.

„Не постои ниту еден чинител кој е против повисоки плати, особено кога законот за кој оваа Влада се избори е на страната на културните работници“ напиша Костадиновска-Стојчевска.

Министерката додаде дека со покачените плати се докажа дека Синдикатот на културата манипулираше.

„Ова на СКРМ беше очигледно предизборна игранка и манипулација. Вчерашниот состанок во Министерство за финансии не беше свикан со намерата која Синдикатот на културата на Република Македонија им ја презентираше на своите членови, нути пак за некаква игра, денес се докажа тоа“ напиша Костадиновска-Стојчевска.