Костадиновска-Стојчевска: Платите на културните работници од денес повисоки за 12 отсто, од 2019 покачени за 52 отсто

„Оваа Влада предводена од СДСМ се грижи подеднакво за сите. Од 2019 година до денес, покачувањето на платите во Секторот култура се искачи на 52%, со потпишувањето на Колективниот договор“ напиша на социјалните мрежи министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска. Таа додаде дека е исполнето и ветувањето и културните работници денес...

април 19, 2024 - 19:00
 0  0
Костадиновска-Стојчевска: Платите на културните работници од денес повисоки за 12 отсто, од 2019 покачени за 52 отсто

„Оваа Влада предводена од СДСМ се грижи подеднакво за сите. Од 2019 година до денес, покачувањето на платите во Секторот култура се искачи на 52%, со потпишувањето на Колективниот договор“ напиша на социјалните мрежи министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска.

Таа додаде дека е исполнето и ветувањето и културните работници денес добија плати покачени за 12 отсто.

„Се борам веќе две години за повисоки плати за вработените во културата и успехот не може никој да го порекне. Платите пораснаа и повторно ќе растат. Не постои ниту еден чинител кој е против повисоки плати, особено кога законот за кој оваа Влада се избори е на страната на културните работници“ напиша Костадиновска-Стојчевска.

Министерката додаде дека со покачените плати се докажа дека Синдикатот на културата манипулираше.

„Ова на СКРМ беше очигледно предизборна игранка и манипулација. Вчерашниот состанок во Министерство за финансии не беше свикан со намерата која Синдикатот на културата на Република Македонија им ја презентираше на своите членови, нути пак за некаква игра, денес се докажа тоа“ напиша Костадиновска-Стојчевска.