Коциќ: Никогаш порано пред 2017 година не била набавувана биолошка терапија за пациентите на Онкологија и покрај тоа што постоела на светскиот пазар

„Ние повикавме пациенти кои се лекувале во 2015 година, беа повикани и директори кои рабоителе и пред 2019 година, министри кои биле министри пред 2017 година, тоа е повторно груба манипулација со јавноста дека ние сме ја разгледувале само 2021 година. Што е нивната интенција, да се обвинат тие што...

дек 6, 2023 - 03:00
 0  0
Коциќ: Никогаш порано пред 2017 година не била набавувана биолошка терапија за пациентите на Онкологија и покрај тоа што постоела на светскиот пазар

„Ние повикавме пациенти кои се лекувале во 2015 година, беа повикани и директори кои рабоителе и пред 2019 година, министри кои биле министри пред 2017 година, тоа е повторно груба манипулација со јавноста дека ние сме ја разгледувале само 2021 година. Што е нивната интенција, да се обвинат тие што набавиле терапија, што обезбедиле биолошка терапија за пациентите, а да се заобиколои тоа што никогаш порано пред 2017 година не била набавувана биолошка терапија за пациентите на Онкологија и покрај тоа што постоела на светскиот пазар,“рече пратеникот од СДСМ , Ненад Коциќ во емисијата 24 Анализа на Телевизија 24.

Тој се осврна на сведоштво на пациент кој дал исказ дека им посочувано да не се лекуваат на скопската клиника и лековите да ги набавуваат во Косово и Србија на приватно.
„Ние не сме суд, ние сме комисија со деловник за работа. Заклучоците се однесуваат хронолошки за сите недостатоци, врз основа на тврдењата на сите сведоци и документацијата која што ја дообивме.Токму во времето на СДСМ се појавува биолошката терапија и на сите пациенти на кои им била потребна, таа била набавувана,“истакна Коциќ.
Тој се осврна на тоа дали имало злоупотреба на лековите, крадење и слично, дека тоа е работа која врз основа на закони треба да се докаже. Согласно извештаите се констатирани слабости во фунционирањето во 2021, 2012 и 2008 година на истата клиника .

„Заклучоците се однесуваат на подобрување на системот кој очигледно затајува“,посочи Коциќ.