Маж се обидел да киднапира две деца во основно училиште во Милано

Италијанската полиција уапси 50-годишен маж осомничен дека се обидел да киднапира две деца пред основно училиште во Милано. Неименуваниот маж првично се обидел да киднапира 10-годишно девојче, кое на училиште дошло со својата сестра близначка во придружба на мајката, а потоа уште едно малолетно лице. Според очевидци, мажот рекол „Сакам...

Мар 3, 2025 - 22:00
 0  3
Маж се обидел да киднапира две деца во основно училиште во Милано

Италијанската полиција уапси 50-годишен маж осомничен дека се обидел да киднапира две деца пред основно училиште во Милано.

Неименуваниот маж првично се обидел да киднапира 10-годишно девојче, кое на училиште дошло со својата сестра близначка во придружба на мајката, а потоа уште едно малолетно лице.

Според очевидци, мажот рекол „Сакам дете“, а и покрај обидите на присутните да го исплашат, влегол во училиштето во обид да се скрие, пренесува РАИ./Извор:Makfax