Морбидно: Во манастирот “Успение на Пресвета Богородица” во Матејче го ископале подот, по што извадиле и осквернавиле човечки останки на погребани лица
На 07.03.2025 година во ПО Матејче, од страна на Кумановско-Осоговска Епархија при МПЦ-ОА било пријавено дека во манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ во село Матејче, општина Липково, кој е под заштита на државата како културно добро, од страна на непознати сторители во текот на месецов со употреба на физичка сила...

На 07.03.2025 година во ПО Матејче, од страна на Кумановско-Осоговска Епархија при МПЦ-ОА било пријавено дека во манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ во село Матејче, општина Липково, кој е под заштита на државата како културно добро, од страна на непознати сторители во текот на месецов со употреба на физичка сила и погоден алат било влезено во објектот каде било извршено копање на подот.
Притоа покрај ископ на земја, биле извадени и осквернавени посмртни останки на погребани лица, и била извршена кражба на оловен лим од централната манастирска црква. Извршен е увид од страна на надлежен ЈО и Увидна екипа од СВР Куманово. Се работи на расчистување на случајот