Маж уапсен во Калифорнија: за три часа убил најмалку 80 животни

Властите во округот Монтереј, Калифорнија уапсија маж осомничен за масакрирање на десетици животни. Имено, осомничениот убил различни животни, вклучувајќи коњи, зајаци и птици. Висенте Џозеф Аројо (39) почнал да пука со повеќе оружја по случаен избор и убил приближно 80 животни во рок од три часа, соопшти канцеларијата на шерифот....

септември 6, 2024 - 18:00
 0  4
Маж уапсен во Калифорнија: за три часа убил најмалку 80 животни

Властите во округот Монтереј, Калифорнија уапсија маж осомничен за масакрирање на десетици животни. Имено, осомничениот убил различни животни, вклучувајќи коњи, зајаци и птици.

Висенте Џозеф Аројо (39) почнал да пука со повеќе оружја по случаен избор и убил приближно 80 животни во рок од три часа, соопшти канцеларијата на шерифот. Властите добија повеќе извештаи за истрели околу 3:25 часот. Полицијата веднаш излегла на терен, но поради слабата видливост, затоа што било ноќ, тешко го лоцирала изворот на пукањето, пишува „NBC News“.

Поради тоа на помош биле повикани специјалци, а пожарникарите обезбедиле и беспилотни летала за потрагата. Дронот го лоцирал осомничениот во лозје северно од Прундејл, по што бил уапсен од специјалните сили. Истрагата откри дека Аројо убивал различни животни, вклучувајќи коњи, кози, зајаци, кокошки, патки и други видови птици.

Некои животни го преживеале масакрот, но поради сериозноста на повредите морале да бидат евтаназирани. Аројо беше затворен во затворот во округот Монтереј под сомнение за поседување оружје, вандализам, криминални закани и суровост кон животните. Неговата кауција беше одредена на 50.000 долари./Извор:Makfax