Украина: Нов руски напад врз Киев, соборени речиси 20 дрона

Русија го изврши својот осми воздушен напад врз Киев во текот на ноќта овој месец, а украинските единици за воздушна одбрана уништија речиси 20 беспилотни летала кои се движеа кон главниот град, соопшти украинската војска. „Руски беспилотни летала се движеа кон Киев од различни правци и во неколку групи“, рече...

септември 16, 2024 - 18:00
 0  2
Украина: Нов руски напад врз Киев, соборени речиси 20 дрона

Русија го изврши својот осми воздушен напад врз Киев во текот на ноќта овој месец, а украинските единици за воздушна одбрана уништија речиси 20 беспилотни летала кои се движеа кон главниот град, соопшти украинската војска.

„Руски беспилотни летала се движеа кон Киев од различни правци и во неколку групи“, рече на Телеграм шефот на воената администрација на Киев, Сергеј Попко.

Тој додаде дека, според прелиминарните информации, нема жртви или материјална штета во нападот на Киев, пренесува Укринформ./Извор:Makfax