Мицкоски: Стратешкото партнерство со Обединетото Кралство ќе ни донесе инвестиции во инфраструктурата, здравството и транспортот од 6 милијарди евра

Мицкоски: Стратешкото партнерство со Обединетото Кралство ќе ни донесе инвестиции во инфраструктурата, здравството и транспортот од 6 милијарди евра Интегрален текст од изјавата на премиерот Мицкоски: „Почитувани претставници на медиумите, Почитувани сограѓани, Ваша екселенцијо, Почитувани колеги од Владата и институциите, Дами и господа, Денес, од седиштето на Владата се обраќам...

мај 17, 2025 - 15:00
 0  0
Мицкоски: Стратешкото партнерство со Обединетото Кралство ќе ни донесе инвестиции во инфраструктурата, здравството и транспортот од 6 милијарди евра

Мицкоски: Стратешкото партнерство со Обединетото Кралство ќе ни донесе инвестиции во инфраструктурата, здравството и транспортот од 6 милијарди евра

Интегрален текст од изјавата на премиерот Мицкоски:

„Почитувани претставници на медиумите,

Почитувани сограѓани,

Ваша екселенцијо,

Почитувани колеги од Владата и институциите,

Дами и господа,

Денес, од седиштето на Владата се обраќам со гордост и чувство на историска одговорност.

Вчера, во Тирана, беше постигната согласност за Заеднички договор за стратешко партнерство со Обединетото Кралство.

Овој чин не е само симболика.

Тоа е голем, неповратен чекор напред во изградбата на иднината што ја заслужуваат нашите граѓани.

Нашите две држави ги поврзуваат заеднички вредности кон кои се стремиме и за кои се бориме да ги воспоставиме.

Слобода.

Демократија.

Владеење на правото.

Одлучност да се справиме со заканите врз мирот и стабилноста.

Длабока посветеност кон безбедна и просперитетна Европа.

Ова партнерство значи многу повеќе од билатерален аранжман.

Ова партнерство кое е архитектура за иднината.

И токму затоа ја отвораме вратата за највисоко ниво на соработка со Обединетото Кралство.

Во одбраната.

Во борбата против организираниот криминал и нелегалните финансии.

Во образованието.

Здравството. Културата.

Младинските политики.

Економскиот развој и инвестициите.

Со овој документ, двете влади испраќаат силна порака дека интересите на граѓаните се најважни, а дека политиката е моќен инструмент кога создава вредности, а не поделби.

Овој договор е резултат на месеци сериозна работа помеѓу нашите тимови, а вчера, тој труд се претвора во јасна визија.

Драги пријатели,

Партнерството што го формализираме:

Ќе придонесе за модернизација на нашите вооружени сили и подлабока интеграција во НАТО стандардите.
Ќе ни овозможи да ја зголемиме безбедноста на границите и да се спротивставиме на трговијата со луѓе и шверцот.
Ќе овозможи најсилна досега економска соработка меѓу двете влади, вклучително и во капитални инвестиции во инфраструктурата и здравството и енергетиката понатаму.
Ќе ја засили соработката во областа на образованието, дигиталната трансформација и иновациите.
Ќе ги поврзе нашите млади, креативни генерации преку културата, науката и новите технологии.
Обединетото Кралство беше со нас уште во најраните и најтешките денови на нашата независност.

Беше меѓу првите држави што нè препознаа, ни подадоа рака и инвестираа во нашата стабилност и институционален развој.

Градејќи ја нашата демократија, ја имавме нивната целосна поддршка.

И овие денови, ова силно партнерство е логично продолжение на тоа заедништво, засновано на доверба, почит и заедничка визија.

Воедно, зошто договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство е важен за македонските граѓани. Тој ќе биде основата и фундаментот за инвестициски циклус којшто ќе има вкупна рамка од 5 милијарди фунти, односно 6 милијарда евра, при што дел од овие пари ќе бидат употребени за инвестиции во инфраструктурата, изградба на модерна карго и брза патничка железницата од Табановце до Гевгелија, инвестиции во здравството и нови болници, завршување на проектот на клиничката болница во Штип, заедно со зградата на новиот медицински факултет, студентски дом со капацитет од двестотини легла, изградба на болницата во Кичево заедно со здравствен дом, реконструкција на клиничката болница во Тетово, итн.

Во наредните денови ќе се потпишат договори и за овие инвестиции.

Драги пријатели,

Ова што се постигна претставува втор клучен столб на нашата меѓународна позиционираност, по стратешкото партнерство со САД.

Овој договор е голема потврда дека нашата држава чекори по патот на стабилноста, безбедноста, развојот и европската иднина.

Стратешкото партнерство не е награда – тој е признание за нашата досегашна доследност.

За верноста кон сојузништвата.

За нашата отворена, искрена посветеност на европските и евро-атлантските вредности.

Драги пријатели,

Со оваа декларација го отвораме новото поглавје во односите помеѓу нашите држави.

Во мирот.

Во стабилноста.

Во иднината.

Во достоинството на државата.

Со Обединетото Кралство ние не сме единствено сојузници.

Ние стануваме стратешки партнери, а овој документ е патоказ што ќе нè води во годините што следуваат.

Со доверба, соработка и со одлучност.

Во име на Владата и граѓаните уште еднаш се заблагодарувам за поддршката, за пријателството и за визијата.

Благодарам.“