Мицкоски ќе се обрати на свечената седница по повод 23 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор

Утре (13.08.2024, вторник) ќе се одржи одбележување на 23 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. -По тој повод со почеток во 13:00 часот во свечената сала во владата на Република Северна Македонија ќе се одржи Свечена седница на која ќе се обратат: • Христијан Мицкоски, претседател на Владата на...

авг 12, 2024 - 18:00
 0  1
Мицкоски ќе се обрати на свечената седница по повод 23 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор

Утре (13.08.2024, вторник) ќе се одржи одбележување на 23 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор.

-По тој повод со почеток во 13:00 часот во свечената сала во владата на Република Северна Македонија ќе се одржи Свечена седница на која ќе се обратат:

• Христијан Мицкоски, претседател на Владата на Република Северна Македонија

• Изет Меџити, прв заменик-претседател на Владата на Северна Македонија, министер за животна средина и просторно планирање.

Настанот ќе биде пренесуван во живо на Фејсбук и Јутуб каналот на Владата, извести Владата на Република Северна Македонија.