Млад човек до смрт ги избол родителите и братот во Германија, тешко ја ранил сестра си

Млад човек од германскиот округ Валдшут до смрт ги избол родителите и братот, да тешко ја ранил својата сестра, пренесува германскиот весник „Билд“. Тој синоќа ги нападнал родителите на возраст од 58 и 61 година и братот и сестрата, соопшти германската полиција. Таткото и мајката, како и братот (34), се...

Мар 27, 2024 - 19:00
 0  2
Млад човек до смрт ги избол родителите и братот во Германија, тешко ја ранил сестра си

Млад човек од германскиот округ Валдшут до смрт ги избол родителите и братот, да тешко ја ранил својата сестра, пренесува германскиот весник „Билд“.

Тој синоќа ги нападнал родителите на возраст од 58 и 61 година и братот и сестрата, соопшти германската полиција.

Таткото и мајката, како и братот (34), се убиени на самото место во станот во областа Валдшут, во германската покраина Баден-Виртемберг.

Младиот човек тешко ја повредил својата сестра, која со хеликоптер била пренесена во болница. За среќа, нејзиниот живот не е во опасност.

19-годишното момче е уапсено на самото место. Тој има и германско и италијанско државјанство.