Најстарата мачка на светот, Рози, почина на 33-годишна возраст

Мачката Рози, за која се веруваше дека е најстарата мачка на светот, почина на 33-годишна возраст. Рози починала оваа недела во ходникот од својот дом во Норвич, Норфолк, а покрај неа била нејзината сопственичка Лила Брисет (73), објави „Њујорк пост“. Родена 1991 година, таа беше неофицијален носител на титулата најстара...

септември 16, 2024 - 18:00
 0  2
Најстарата мачка на светот, Рози, почина на 33-годишна возраст

Мачката Рози, за која се веруваше дека е најстарата мачка на светот, почина на 33-годишна возраст.

Рози починала оваа недела во ходникот од својот дом во Норвич, Норфолк, а покрај неа била нејзината сопственичка Лила Брисет (73), објави „Њујорк пост“.

Родена 1991 година, таа беше неофицијален носител на титулата најстара мачка на светот, која сега ја презеде 28-годишната мачка Флоси од Кент, родена 1995 година./Извор:Makfax