На денешен ден пред 10 години „пукна првата бомба” од „Вистината за Македонија“
„Од денеска СДСМ и опозицијата го започнуваат проектот „Вистината за македонија”. Целта е единствена – да ја вратиме слободата и демократијата во Македонија, да ги вратиме европските вредности”. Со овие зборови тогашниот претседател на СДСМ Зоран Заев ја отвори првата прес конференција од проектот „Вистината за македонија” кога почнаа да...
![На денешен ден пред 10 години „пукна првата бомба” од „Вистината за Македонија“](https://centar.mk/wp-content/uploads/2023/08/zaev_govmk-scaled.jpg)
„Од денеска СДСМ и опозицијата го започнуваат проектот „Вистината за македонија”. Целта е единствена – да ја вратиме слободата и демократијата во Македонија, да ги вратиме европските вредности”.
Со овие зборови тогашниот претседател на СДСМ Зоран Заев ја отвори првата прес конференција од проектот „Вистината за македонија” кога почнаа да се објавуваат „бомбите“ кои петходно неколку месеци беа најавувани
На денешен ден, пред десет години, во партиското седиште на СДСМ, одекна првата „бомба“. Поточно, точно на 9-ти февруари 2015 година македонската јавност ги слушна првите аудио-снимки од морето незаконски прислушувани разговори на околу 26.000 граѓани: опозиционери, новинари, судии, обвинители, бизнисмени, пратеници, министри, академици, верски лица, невладини организации.
Првите „бомби“, односно снимени разговори, слушнати на таа прва прес конференција, беа прислушкуваните разгвовори токму на Зоран Заев.
„Денеска ќе слушнете како јас, Зоран Заев, сум следен и прислушуван во континуитет во последните неколку години. Сум бил следен и прислушуван и кога не бев лидер на СДСМ, како разговарам со мои партиски колеги,со луѓе од Општина Струмица, со граѓани, како разговарам со моите деца.“
Од февруари до средината на јуни 2015 година, лидерот на тогаш опозицискиот СДСМ, Зоран Заев одржа четириесетина прес-конференции, на кои под мотото „Вистината за Македонија“ објави дел од од незаконски следените разговори од страна на Управата за безбедност и контразаузнавање (УБК), која ја нарече прислушкувачки монструм.
Целиот текст прочитајте го на Рацин.мк