На Табановце за излез од државата се чека околу 40 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце времето на чекање за излез од државата е околу 40 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез...

септември 13, 2024 - 18:00
 0  2
На Табановце за излез од државата се чека околу 40 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце времето на чекање за излез од државата е околу 40 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево./Извор:Makfax