СДСМ: Власта го турка коруптивниот Закон за кредит од Унгарија по секоја цена

-Наместо да се повлече од скратената постапка за носење на коруптивниот Закон за кредит и да отвори јавна расправа, во редовна и транспарентна процедура, власта на Мицкоски го турка по секоја цена, соопшти СДСМ. „За денеска е закажана седница на Комисијата за финансисрање и буџет од страна на претседателот на...

септември 13, 2024 - 18:00
 0  2
СДСМ: Власта го турка коруптивниот Закон за кредит од Унгарија по секоја цена

-Наместо да се повлече од скратената постапка за носење на коруптивниот Закон за кредит и да отвори јавна расправа, во редовна и транспарентна процедура, власта на Мицкоски го турка по секоја цена, соопшти СДСМ.

„За денеска е закажана седница на Комисијата за финансисрање и буџет од страна на претседателот на Собранието, Африм Гаши.

Нема редовна постапка, нема експертска дебата, нема информирање на граѓаните и поминување на сите собраниски филтри. Власта сака набрзина да го истурка скандалозниот и коруптивен Закон договорен во четири очи уште во време кога ВМРО-ДПМНЕ беше опозиција.

Што сака да сокрие власта на Мицкоски за задолжувањето од 500 милиони евра?

Корупцијата којашто ја подготвиле и ја договориле, заедо со провизиите и скриените трошоци.

Законот изобилува со нелогичности, недоречености и многу непознаници, нема јасни критериуми и механизми за распределба на позајмените пари, нема јасно утврден систем за контрола на трошењето на парите.

Мицкоски едно зборува во говорите а друго прави. Со оваа власт нема ниту правна држава, ниту транспрентност, ниту отченост, ниту отвореност. Се враќа начинот на владеење како пред 2016 година.

Мицкоски си испиша корупција на чело.“ – се вели во соопштението на СДСМ.