Најмногу снег во Маврови Анови
Најниска температура утрово е измерена на Попова Шапка -2 степени, -1 степен било во Лазарополе, 0 во Маврови Анови, 1 Крушево, 3 Тетово, Дебар, 4 Берово, Крива Паланка, Охрид, Претор, Прилеп, 5 Битола, Куманово, Скопје-Зајчев Рид, Виница, 6 Кавадарци, Скопје-Петровец, Велес, Штип, 7 Струмица, 8 Демир Капија, Гевгелија. Висината на...
Најниска температура утрово е измерена на Попова Шапка -2 степени, -1 степен било во Лазарополе, 0 во Маврови Анови, 1 Крушево, 3 Тетово, Дебар, 4 Берово, Крива Паланка, Охрид, Претор, Прилеп, 5 Битола, Куманово, Скопје-Зајчев Рид, Виница, 6 Кавадарци, Скопје-Петровец, Велес, Штип, 7 Струмица, 8 Демир Капија, Гевгелија.
Висината на снежната покривка во седум часот била 53 сантиметри во Маврови Анови, 49 на Попова Шапка, 16 во Крушево и 4 сантиметри во Лазарополе.
Во текот на ноќта времето беше облачно со повремени локални врнежи од дожд со слаб и само понекаде со умерен интензитет. Утринава зголемена облачност и повремен дожд има на југот на земјата. Врнежи од дожд има во Крива Паланка и Претор, а во Крушево има магла и ниска облачност.
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен дожд кој во средината на денот ќе намали. Од крајот на денот и преку ноќта врнежи од дожд ќе има на повеќе места низ земјата. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, поизразен долж Повардарието. Максималната температура ќе достигне од 6 до 12 степени.
Во Скопје променливо облачно, преку денот со услови за краткотраен дожд, а почести врнежи ќе има кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 12 степени./Извор:Makfax