„Не веруваме дека ќе ги пронајдеме живи“: Запрена потрагата по исчезнатите лица по уривањето на мостот во Балтимор

Спасувачките екипи ја прекинаа потрагата по шест лица исчезнати по уривањето на мостот во Балтимор, бидејќи се претпоставува дека се мртви, соопштија локалните власти. „Се претпоставува дека шесте лица по кои се трагаше по уривањето на мостот во Балтимор не ја преживеаја несреќата“, изјави службеникот на крајбрежната стража Шенон Гилрет,...

Мар 27, 2024 - 12:00
 0  0
„Не веруваме дека ќе ги пронајдеме живи“: Запрена потрагата по исчезнатите лица по уривањето на мостот во Балтимор

Спасувачките екипи ја прекинаа потрагата по шест лица исчезнати по уривањето на мостот во Балтимор, бидејќи се претпоставува дека се мртви, соопштија локалните власти.

„Се претпоставува дека шесте лица по кои се трагаше по уривањето на мостот во Балтимор не ја преживеаја несреќата“, изјави службеникот на крајбрежната стража Шенон Гилрет, пренесува Гласот на Америка.

„Не веруваме дека ќе ги најдеме живи“, рече Гилрет. Помеѓу шесте лица по кои се трага во реката има работници кои ги поправале дупките на мостот, од Мексико и Гватемала, јавува Си-Ен-Ен.

Медиумот потсетува дека несреќата се случила вчера, кога еден од столбовите на мостот „Френсис Скот Ки“ во Балтимор беше погоден од голем товарен брод, по што се урна дел од мостот. И луѓето и автомобилите паднале во водата од висина од 50 метри.

Две лица се спасени вчера од водата, чија температура во моментот на падот била околу -1 степен.

Американските медиуми јавуваат дека товарниот брод „Дали“ под сингапурско знаме, кој удрил во мостот, бил вклучен во уште еден инцидент во пристаништето Антверпен во Белгија во 2016 година.

Си-Ен-Ен објави дека од 2018 година, бродовите управувани од „Синерџи Марин Груп“, компанијата што управуваше со Дали, биле вклучени во најмалку три фатални инциденти.

Американската крајбрежна стража претресува десетици оштетени контејнери, за кои се верува дека содржат потенцијално опасни материјали, јавува Си-Ен-Ен повикувајќи се на неименувани официјални лица.