Нема преживеани во хеликоптерската несреќа со иранскиот претседател, објавија иранските агенции

Иранските агенции јавуваат дека местото на падот на хеликоптерот е пронајдено и дека нема преживеани, пренесува Си-Ен-Ен. „Нема знаци на живот од хеликоптерот на претседателот Ебрахим Раиси“, соопшти државната телевизија. Државната иранска телевизија: Потврдена е смртта на претседателот Потврдено е дека иранскиот претседател, министерот за надворешни работи и уште неколку...

мај 20, 2024 - 18:01
 0  4
Нема преживеани во хеликоптерската несреќа со иранскиот претседател, објавија иранските агенции

Иранските агенции јавуваат дека местото на падот на хеликоптерот е пронајдено и дека нема преживеани, пренесува Си-Ен-Ен.

„Нема знаци на живот од хеликоптерот на претседателот Ебрахим Раиси“, соопшти државната телевизија.

Државната иранска телевизија: Потврдена е смртта на претседателот

Потврдено е дека иранскиот претседател, министерот за надворешни работи и уште неколку лица загинале во хеликоптерската несреќа, јави државната телевизија.

Државните медиуми јавуваат дека хеликоптерот се забил во врвот на планината./Извор:Makfax