Зеленски сака да користи оружје со долг дострел за да напаѓа цели во Русија, побара поддршка од Трудо

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера изјави дека побарал од канадскиот премиер Џастин Трудо да му помогне да обезбеди поддршка меѓу западните партнери за напади врз воени цели длабоко на руска територија. Зеленски го повика Трудо да лобира кај сојузниците за да и дадат „дозвола и неопходни средства на Украина за...

септември 4, 2024 - 18:00
 0  2
Зеленски сака да користи оружје со долг дострел за да напаѓа цели во Русија, побара поддршка од Трудо

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера изјави дека побарал од канадскиот премиер Џастин Трудо да му помогне да обезбеди поддршка меѓу западните партнери за напади врз воени цели длабоко на руска територија.

Зеленски го повика Трудо да лобира кај сојузниците за да и дадат „дозвола и неопходни средства на Украина за напад на воени цели на територијата на земјата агресор“, се вели во неговата објава на англиски јазик на социјалната мрежа „Икс“ по телефонскиот разговор на двајцата лидери.

Канада, членка на НАТО со една од најголемите украински дијаспори во светот, го снабдува Киев со воена и финансиска помош откако Русија го нападна својот сосед во февруари 2022 година. Кабинетот на Трудо соопшти дека канадскиот премиер му рекол на украинскиот претседател дека руските напади „дополнително го зајакнуваат глобалното единство и решителноста да ја поддржи Украина во претстојните меѓународни ангажмани“.

Зеленски на Телеграм рече дека разговарале и за конференцијата на која Канада треба да биде домаќин. Конференцијата е продолжение на мировниот самит што Киев го свика во јуни. Канада ќе биде домаќин на состанок на ниво на министри за надворешни работи, потврдија од кабинетот на премиерот./Извор:Makfax