НЛБ Банка и Економскиот факултет-Скопје потпишаа меморандум за соработка: „Нови можности за студентите и развој на младите таленти“
Во просториите на деканатот на Економскиот факултет- Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, претседателот на Управниот одбор на НЛБ Банка, Тони Стојановски, и деканот на Факултетот, проф. д-р Предраг Трпески потпишаа Меморандум за соработка, со кој се согласија да развиваат заеднички активности насочени кон унапредување на едукативните,...

Во просториите на деканатот на Економскиот факултет- Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, претседателот на Управниот одбор на НЛБ Банка, Тони Стојановски, и деканот на Факултетот, проф. д-р Предраг Трпески потпишаа Меморандум за соработка, со кој се согласија да развиваат заеднички активности насочени кон унапредување на едукативните, истражувачките и апликативните процеси.
Преку оваа соработка, НЛБ Банка и Економскиот факултет ќе ја зајакнат врската помеѓу теоретското знаење и практичната примена, создавајќи можности за директна соработка помеѓу студентите и експертите од индустријата.
„Соработката со Економскиот факултет-Скопје е важен чекор за НЛБ Банка во насока на нашата посветеност на развојот на младите таленти и нивното вклучување на пазарот на труд. Благодарение на партнерството, студентите ќе се запознаат со реалните предизвици со кои се соочува индустријата, а ние како Банка ќе бидеме во можност да вложиме во нивниот развој и да ги подготвиме за идните професионални патишта. Со оваа соработка очекуваме да направиме значителен придонес во образованието и општеството.“-изјави Стојановски, претседател на УО на НЛБ Банка.
Во контекст на партнерството деканот на Економискиот факултет проф. д-р Предраг Трпески додаде: „Оваа соработка ја нагласува нашата посветеност да го поврземе академското знаење со финансиските практики од реалниот свет, создавајќи можности за нашите студенти, факултет и пошироката заедница да напредуваат. Преку овој меморандум, имаме за цел да промовираме заеднички раст и да го поддржиме континуираниот развој на секторот за финансиски услуги, истовремено обезбедувајќи им на нашите студенти уникатни можности за учење, истражување и професионален развој “.
Соработката помеѓу НЛБ Банка и Економскиот факултет има долга традиција и е важна за двете страни – за Банката, тоа е шанса за привлекување млади таленти и развој на идни стручњаци, а за факултетот, партнерството овозможува подобрување на наставната програма и поврзување со индустријата.