Од среда пресврт со температурите – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

До среда ќе се задржи стабилно и суво време со студени утра, а потоа утринските температури ќе бидат во постепен пораст. Во среда во текот на ноќта и во четврток се очекуваат повремени локални врнежи претежно од снег. Прогноза за 11.02.2025 Минимална температура: -9°C до 1°C Максимална температура: 3°C до...

февруари 10, 2025 - 00:00
 0  0
Од среда пресврт со температурите – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

До среда ќе се задржи стабилно и суво време со студени утра, а потоа утринските температури ќе бидат во постепен пораст. Во среда во текот на ноќта и во четврток се очекуваат повремени локални врнежи претежно од снег.

Прогноза за 11.02.2025
Минимална температура: -9°C до 1°C
Максимална температура: 3°C до 8°C

Утрото студено, преку денот променливо облачно со повеќе сончеви периоди во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Прогноза за 12.02.2025
Минимална температура: -7°C до 2°C
Максимална температура: 2°C до 7°C

Утрото студено, преку денот променливо облачно со сончеви периоди. Во текот на ноќта во источните делови ќе има услови за локален слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Прогноза за 13.02.2025
Минимална температура: -5°C до 3°C
Максимална температура: 1°C до 6°C

Променливо облачно со повремен локален слаб дожд и снег претежно во планинските региони. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.