Оштетени 11 сообраќајни знаци со спреј во боја во Кичево, поднесена соодветна пријава

Вчера, во 15.40 часот, во ОВР Кичево е пријавено оштетување со спреј во боја на 11 сообраќајни знаци, кои се поставени покрај коловозната лента од улицата Магистрален пат до битолската крстосница, во близина на кичевското село Другово. Според членот 190 од Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата, „на сообраќајниот...

септември 17, 2024 - 18:00
 0  2
Оштетени 11 сообраќајни знаци со спреј во боја во Кичево, поднесена соодветна пријава

Вчера, во 15.40 часот, во ОВР Кичево е пријавено оштетување со спреј во боја на 11 сообраќајни знаци, кои се поставени покрај коловозната лента од улицата Магистрален пат до битолската крстосница, во близина на кичевското село Другово.

Според членот 190 од Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата, „на сообраќајниот знак и на столбот на кој е поставен знакот, забрането е да се става сè што не е во врска со значењето на сообраќајниот знак и забрането е неовластено поставување, преместување, отстранување и оштетување на сообраќајните знаци и на опремата на патот или измена на значењето на сообраќајните знаци“. ОВР Кичево презема мерки за расчистување на настанот по што ќе биде поднесена соодветна пријава./Извор:Makfax