Владата: Исплаќаме 1 милијарда денари за заостанати субвенции од претходната влада

„Една од заложбите на Владата е посветено да се работи и да им се помага на земјоделците. Затоа издвоени се 1 милијарда денари за исплата за заостанати субвенции за земјоделците. Над 9.000 земјоделци ќе ги добијат своите заслужени средства како поддршка за своето производство. Кај дел од нив се доцни...

септември 17, 2024 - 18:00
 0  2
Владата: Исплаќаме 1 милијарда денари за заостанати субвенции од претходната влада

„Една од заложбите на Владата е посветено да се работи и да им се помага на земјоделците. Затоа издвоени се 1 милијарда денари за исплата за заостанати субвенции за земјоделците. Над 9.000 земјоделци ќе ги добијат своите заслужени средства како поддршка за своето производство. Кај дел од нив се доцни дури 4 години со исплатата“, велат од Владата.

„Првата одлука на оваа Влада беше со ребалансот да се обезбедат средства и до крајот на годината нема да има субвенции со кои се доцни кај земјоделците.

Домаќинското и посветено работење на Владата ќе придонесе значајна поддршка за земјоделското производство.

На овој начин се исправаат и неправдите кон земјоделците кои со својот труд печалат за себе и своите семејства“, се наведува во соопштението на Владата./Извор:Makfax