Полицијата трага по две исчезнати лица, меѓу кои и девојче на возраст од 16 години
На 24.10.2025 во 13:15 часот во СВР Скопје, од СОС „Детско Село“ е пријавено дека нивната штитеничка Б.Д.(16) од Скопје се оддалечила од установата. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето. На 24.10.2025 во 20:00 часот во СВР Штип, Д.О.(84) од Штип пријавила дека од семејниот дом во Штип се...
На 24.10.2025 во 13:15 часот во СВР Скопје, од СОС „Детско Село“ е пријавено дека нивната штитеничка Б.Д.(16) од Скопје се оддалечила од установата. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
На 24.10.2025 во 20:00 часот во СВР Штип, Д.О.(84) од Штип пријавила дека од семејниот дом во Штип се оддалечила нејзината сестра Б.Н.(79) од Штип. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.