Поранешниот директор на ЕСМ, Васко Стефанов, со лисици спроведен во Кривичниот суд

Поранешниот директор на ЕСМ, Васко Стефанов, со лисици на рацете утрово беше спроведен во Кривичниот суд. Тој е еден од осомничените за 6,5-милионскиот криминал во „Електрани на Северна Македонија“ (ЕСМ), РЕК „Битола“, ТЕЦ „Осломеј“ и ТЕЦ „Неготино“. Стефанов беше приведен на граничниот премин Табановце. Ексдиректорот на ЕСМ, Васко Ковачевски, и...

дек 11, 2024 - 15:00
 0  2
Поранешниот директор на ЕСМ, Васко Стефанов, со лисици спроведен во Кривичниот суд

Поранешниот директор на ЕСМ, Васко Стефанов, со лисици на рацете утрово беше спроведен во Кривичниот суд. Тој е еден од осомничените за 6,5-милионскиот криминал во „Електрани на Северна Македонија“ (ЕСМ), РЕК „Битола“, ТЕЦ „Осломеј“ и ТЕЦ „Неготино“.

Стефанов беше приведен на граничниот премин Табановце.

Ексдиректорот на ЕСМ, Васко Ковачевски, и натаму не е достапен за органите на прогонот.

Вчера, во големата полициска акција беа приведени повеќе лица за криминал во јавни набавки за РЕК „Битола“, ТЕЦ „Неготино“ и ТЕЦ „Осломеј“./Извор:Makfax