Повеќе од 2.000 луѓе од Јурумлери со порака до Јетон Шакири: Ќе ги радикализираме протестите!

Учениците од ООУ Његош, веќе 10тина дена не посетуваат настава, а соодветно решение за надминување на нивниот проблем, сеуште нема, објавува Канал 5. Станува збор за 13 албански ученици од 6то одделение кои моментално наставата на својот мајчин јазик ја следат во училиштето во с.Огњанци, до каде им е обезбеден платен превоз, но нивните родители бараат отварање на паралелка за нив во Његош. Од одборот на родители на училиштето, велат дека во оваа ситуација оштетени се децата . -Нашите ученици бројат паралелки од 33 дечиња и повеќе. Дечињата седат по тројца во една клупа..Овие дечиња не се воопшто дискриминирани ниту се обесправени, напротив тие имаат право и посетуваат настава на свој мајчин јазик. Нашите деца немаат платен превоз патуваат пешки по 3 и повеќе километри по регонален пат којшто е небезбеден за нив-- Соња Милановска Цветковска. Родителите велат дека имале средба и со министерто за образование Шакири и со градоначлникот на Гази Баба Стефковски, но не успеале да изнајдат решение.. Од МОН за Канал 5 велат дека се отворени за продолжување на разговорите, и потенцираат дека станува збор за проблем кој се провлекува 20 години наназад. Како привремено решение нудат доградба на училиштето.. Градоначалникот Стефковски, пак, вели дека оваа ситуација е вештачки создадена криза и дека во училиштето нема услови за нова паралелка. -Учениците кој сакаат да ја следат предмената настава на албански јазик општината им обезбедува бесплатен автобуски превоз до училиштето во Огњанци. Не знам од која причина министерот Шакири наместо кон решавање на овој проблем, состојбата ја носи кон нови проблеми. – вели Стефковски за Канал 5. И МОН и општината трајно решение на проблемот гледаат во израдба на ново училиште во Идризово. Инаку родителите на учениците на учениците утрово испратија и писмо до Министерот за образование и наука г-дин Јетон Шакири: Почитуван Министер, Се одлучивме преку јавноста да го испратиме ова писмо до Вас со цел да ги истакнеме нашите гледишта, наспроти Вашата примена на сила, закани и ултиматум кон нас како родители и кон општината. Ние жителите од Јурумлери, Колонија, Идризово, Дрма, Гоце Делчев, Трубарево и цела Гази Баба живееме сложно со нашите сограѓани албанци, роми, срби, турци, власи и сите останати. Помеѓу нас пред се како соседи, а дел од нас се и роднински поврзани како кумови, старосвати владее соживот и на различностите поради нашата вероисповест гледаме како на предизвик за запознавање на нешто туѓо, а не како пречка за заеднички комшиски живот. Учењето во ООУ Његош е овозможено за сите дечиња од нашиот крај. Наставата во одделенската настава се врши на македонски и албански јазик како што е опишано и со Статутот на нашето училиште, а додека за предметната настава учењето на македонски јазик се одвива во ООУ Његош, додека учењето на албански јазик се врши во соседното училиште во Огњанци за што општина Гази Баба обезбедува бесплатен превоз за дечињата кој организирано ги зема од своите домови до училиштето и назад од училиштето до својот дом со што тезите дека се врши дискриминација за настава на својот мајчин јазик не држат вода. Почитуван Министер, Жалиме што Вие како Министер во Владата наместо да бидете медијатор и да делувате во насока на надминување на ситуацијата, Вие одбравте од Ваши партски интереси да завземете страна и јавно на социјалните мрежи да се сликате и објавувате слики со лицата кои вештачки создаваат етнички проблем во нашето населено место. Последната слика е објавена и направена пред само еден ден, кога кризата завзема досега најголеми размери. (сликата Ви ја доставуваме во прилог). Жалиме што наместо преставник на народот, ние имаме Министер кој се слика со луѓето кои јавно со зборување и коментирање на социјалните мрежи се закануваат, а откако сите ние ги видовме сликите станува јасно кој и од каде им дава моќ да се однесуваат така. Почитуван Министер, 305 ученици посетуваат настава на македонски јазик во ООУ Његош и во одделенска и во предметна настава, Вие дозволивте да се создаде ваков проблем со целосен бојкот на наставата повеќе од 10 дена за 10 ученици албанци во шесто одделение кои повеќе не сакале да користат бесплатен превоз и да посетуваат настава во Огњанци. Ја користиме и оваа јавна можност да го повикаме претседателот на Владата г-дин Димитар Ковачевски да посвети внимание на нашиот проблем и се надеваме дека тој нема по стапките на неговиот Министер да завземе страна туку ќе биде над целата состојба со цел изнаоѓање на решение. Денес во 17:30 часот излегуваме на голем протест пред зградата на училиштето Његош и ова е нашиот последен протест тука. По завршување на протестот ќе оддржиме состанок на кој ќе ги утврдиме следните активности кои ќе одат во насока на наша радикализација со блокирање на автопатот, регионалниот пат и клучни раскрсници низ Скопје, а не ја исклучуваме и можноста за поставување на шатори пред зградата на Министерството за образование и наука. Господине Јетон Шакир

окт 4, 2023 - 19:10
 0  2
Повеќе од 2.000 луѓе од Јурумлери со порака до Јетон Шакири: Ќе ги радикализираме протестите!

Учениците од ООУ Његош, веќе 10тина дена не посетуваат настава, а соодветно решение за надминување на нивниот проблем, сеуште нема, објавува Канал 5. Станува збор за 13 албански ученици од 6то одделение кои моментално наставата на својот мајчин јазик ја следат во училиштето во с.Огњанци, до каде им е обезбеден платен превоз, но нивните родители бараат отварање на паралелка за нив во Његош. Од одборот на родители на училиштето, велат дека во оваа ситуација оштетени се децата . -Нашите ученици бројат паралелки од 33 дечиња и повеќе. Дечињата седат по тројца во една клупа..Овие дечиња не се воопшто дискриминирани ниту се обесправени, напротив тие имаат право и посетуваат настава на свој мајчин јазик. Нашите деца немаат платен превоз патуваат пешки по 3 и повеќе километри по регонален пат којшто е небезбеден за нив-- Соња Милановска Цветковска. Родителите велат дека имале средба и со министерто за образование Шакири и со градоначлникот на Гази Баба Стефковски, но не успеале да изнајдат решение.. Од МОН за Канал 5 велат дека се отворени за продолжување на разговорите, и потенцираат дека станува збор за проблем кој се провлекува 20 години наназад. Како привремено решение нудат доградба на училиштето.. Градоначалникот Стефковски, пак, вели дека оваа ситуација е вештачки создадена криза и дека во училиштето нема услови за нова паралелка. -Учениците кој сакаат да ја следат предмената настава на албански јазик општината им обезбедува бесплатен автобуски превоз до училиштето во Огњанци. Не знам од која причина министерот Шакири наместо кон решавање на овој проблем, состојбата ја носи кон нови проблеми. – вели Стефковски за Канал 5. И МОН и општината трајно решение на проблемот гледаат во израдба на ново училиште во Идризово. Инаку родителите на учениците на учениците утрово испратија и писмо до Министерот за образование и наука г-дин Јетон Шакири: Почитуван Министер, Се одлучивме преку јавноста да го испратиме ова писмо до Вас со цел да ги истакнеме нашите гледишта, наспроти Вашата примена на сила, закани и ултиматум кон нас како родители и кон општината. Ние жителите од Јурумлери, Колонија, Идризово, Дрма, Гоце Делчев, Трубарево и цела Гази Баба живееме сложно со нашите сограѓани албанци, роми, срби, турци, власи и сите останати. Помеѓу нас пред се како соседи, а дел од нас се и роднински поврзани како кумови, старосвати владее соживот и на различностите поради нашата вероисповест гледаме како на предизвик за запознавање на нешто туѓо, а не како пречка за заеднички комшиски живот. Учењето во ООУ Његош е овозможено за сите дечиња од нашиот крај. Наставата во одделенската настава се врши на македонски и албански јазик како што е опишано и со Статутот на нашето училиште, а додека за предметната настава учењето на македонски јазик се одвива во ООУ Његош, додека учењето на албански јазик се врши во соседното училиште во Огњанци за што општина Гази Баба обезбедува бесплатен превоз за дечињата кој организирано ги зема од своите домови до училиштето и назад од училиштето до својот дом со што тезите дека се врши дискриминација за настава на својот мајчин јазик не држат вода. Почитуван Министер, Жалиме што Вие како Министер во Владата наместо да бидете медијатор и да делувате во насока на надминување на ситуацијата, Вие одбравте од Ваши партски интереси да завземете страна и јавно на социјалните мрежи да се сликате и објавувате слики со лицата кои вештачки создаваат етнички проблем во нашето населено место. Последната слика е објавена и направена пред само еден ден, кога кризата завзема досега најголеми размери. (сликата Ви ја доставуваме во прилог). Жалиме што наместо преставник на народот, ние имаме Министер кој се слика со луѓето кои јавно со зборување и коментирање на социјалните мрежи се закануваат, а откако сите ние ги видовме сликите станува јасно кој и од каде им дава моќ да се однесуваат така. Почитуван Министер, 305 ученици посетуваат настава на македонски јазик во ООУ Његош и во одделенска и во предметна настава, Вие дозволивте да се создаде ваков проблем со целосен бојкот на наставата повеќе од 10 дена за 10 ученици албанци во шесто одделение кои повеќе не сакале да користат бесплатен превоз и да посетуваат настава во Огњанци. Ја користиме и оваа јавна можност да го повикаме претседателот на Владата г-дин Димитар Ковачевски да посвети внимание на нашиот проблем и се надеваме дека тој нема по стапките на неговиот Министер да завземе страна туку ќе биде над целата состојба со цел изнаоѓање на решение. Денес во 17:30 часот излегуваме на голем протест пред зградата на училиштето Његош и ова е нашиот последен протест тука. По завршување на протестот ќе оддржиме состанок на кој ќе ги утврдиме следните активности кои ќе одат во насока на наша радикализација со блокирање на автопатот, регионалниот пат и клучни раскрсници низ Скопје, а не ја исклучуваме и можноста за поставување на шатори пред зградата на Министерството за образование и наука. Господине Јетон Шакири, нема да дозволиме нашите деца да бидат експрименти во Вашите раце. Господине Јетон Шакири, Вие си поигравте со нас како родители, ја злоупотребивте наша доверба и не излажавте дека не ги познавате луѓето кои ги подгреваат тензиите за потоа да се објавуваат фотографии од неформални средби по рестораните низ Скопје. Господине Јетон Шакири немојте поради Вашите партиски интереси да ја воведувате цела Гази Баба во бојкот. Не си поигрувајте со нашите чувства, кога во прашање се нашите деца. Зад ова писмо стојат родители на ученици од: ООУ Његош, населено место Јурумлери ООУ Крум Тошев, населено место Трубарево ООУ Крсте Мисирков, населено место Ченто ООУ Дане Крапчев, населено место Ченто ООУ Кирил и Методиј, населено место Стајковци ООУ Наум Охридски, населено место Булачани ООУ Стив Наумов, населба Автокоманда ООУ Григор Прличев, населба Железара ООУ Вера Јоциќ, населба Хиподром ООУ Наум Наумовски Борче, населба Маџари