Променливо облачно и потопло со сончеви периоди, попладне дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно и потопло со сончеви периоди. Попладне ќе има локален слаб дожд, краткотрајно пороен и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец. Во Скопје променливо облачно и потопло со сончеви периоди. Попладне во...

април 24, 2024 - 11:00
 0  0
Променливо облачно и потопло со сончеви периоди, попладне дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно и потопло со сончеви периоди. Попладне ќе има локален слаб дожд, краткотрајно пороен и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец.

Во Скопје променливо облачно и потопло со сончеви периоди. Попладне во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер.