Разбојништво на кејот на Вардар: Му впериле нож во грбот и му одзеле 3.000 денари
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Разбојништво од член 237 став 1 од Кривичниот законик. Во дејствијата учествувало уште едно лице на чија идентификација се работи. „Двајцата соизвршители, на 14 февруари во попладневните часови, кај поранешно “Дрво-Декор” на кејот...

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Разбојништво од член 237 став 1 од Кривичниот законик. Во дејствијата учествувало уште едно лице на чија идентификација се работи.
„Двајцата соизвршители, на 14 февруари во попладневните часови, кај поранешно “Дрво-Декор” на кејот на реката Вардар, нападнале еден оштетен, му впериле нож во грбот и со употреба на сила и сериозна закана му одзеле 3.000 денари. Потоа го удриле неколку пати и избегале.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот 26-годишник поради опасност од бегство и можност да го повтори делото. При предлагањето на најстрогата мерка за обезбедување обвинителот имаше предвид дека кривичното дело е извршено сред бел ден, во строгиот центар на градот, на локација со голема фреквенција на луѓе, па ценеше дека обезбедувањето на осомничениот е во функција и на заштита на граѓаните и нивното безбедно движење. Надлежните органи преземаат дејствија за откривање и на неговиот соизвршител.“ – соопшти Обвинителството.