Русите погодија хотел во Украина, целосно е уништен

Русија изврши неколку бранови ракетни и напади со беспилотни летала во текот на ноќта насочени кон Киев и други региони, соопшти украинската војска рано утринава, еден ден по најголемиот таков напад на Москва. За време на ноќниот напад загинаа најмалку четири лица, пишува Би-би-си. Меѓу целите бил и хотелот „Аурора“...

авг 27, 2024 - 18:00
 0  3
Русите погодија хотел во Украина, целосно е уништен

Русија изврши неколку бранови ракетни и напади со беспилотни летала во текот на ноќта насочени кон Киев и други региони, соопшти украинската војска рано утринава, еден ден по најголемиот таков напад на Москва.

За време на ноќниот напад загинаа најмалку четири лица, пишува Би-би-си.

Меѓу целите бил и хотелот „Аурора“ во градот Криви Рих, кој бил целосно уништен. Руските сили лансираа балистичка ракета кон него. Најмалку две лица загинаа во нападот, а пет беа повредени.

Спасувачите ги пребаруваат урнатините за да најдат дополнителни жртви./Извор:Makfax