САД, Египет и Катар повикаа на преговори за прекин на огнот: „Договорот е на маса“

Лидерите на Соединетите Држави, Египет и Катар ги повикаа Израел и Хамас да се сретнат на разговори на 15 август за да го финализираат примирјето во Газа и договорот за ослободување на заложниците. Трите земји, кои се обидуваат да постигнат договор, во заедничката изјава рекоа дека разговорите може да се...

авг 9, 2024 - 18:00
 0  3
САД, Египет и Катар повикаа на преговори за прекин на огнот: „Договорот е на маса“

Лидерите на Соединетите Држави, Египет и Катар ги повикаа Израел и Хамас да се сретнат на разговори на 15 август за да го финализираат примирјето во Газа и договорот за ослободување на заложниците.

Трите земји, кои се обидуваат да постигнат договор, во заедничката изјава рекоа дека разговорите може да се одржат или во Доха или во Каиро.

„Рамковниот договор сега е на маса, а останува само да се заклучат деталите за имплементацијата“, велат оттаму. „Нема повеќе време за губење или изговори од која било страна за дополнително одложување.

Премиерот Бенјамин Нетанјаху рече дека израелските преговарачи ќе бидат таму. Целта, рече тој, е „да се довршат деталите и да се имплементира рамковниот договор“.

Немаше коментар од Хамас.

Војната во Газа беше поттикната од нападот на Хамас на 7 октомври врз јужен Израел, во кој според израелските податоци, беа убиени 1.200 луѓе, а 250 беа земени како заложници во Газа. Најмалку 39.699 Палестинци се убиени во воената кампања на Израел во Газа, според Министерството за здравство на Газа, кое не прави разлика меѓу борци и цивили./Извор:Makfax