СДСМ бара Обвинителство и ДКСК да кажат до каде се предметите за скандалот Христовски во АНБ

СДСМ бара Обвинителство и ДКСК да кажат до каде се предметите за скандалот Христовски во АНБ. Интегрален текст од денешнатапрес-конференција на Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ: Почитувани, Додека гледаме како партиски инсталираниот Директор на киднапирана Агенција за национална безбедност, Бојан Христовски е назначен и за асистент на Факултет, за скандалот...

дек 12, 2024 - 15:00
 0  2
СДСМ бара Обвинителство и ДКСК да кажат до каде се предметите за скандалот Христовски во АНБ

СДСМ бара Обвинителство и ДКСК да кажат до каде се предметите за скандалот Христовски во АНБ.

Интегрален текст од денешнатапрес-конференција на Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ:

Почитувани,

Додека гледаме како партиски инсталираниот Директор на киднапирана Агенција за национална безбедност, Бојан Христовски е назначен и за асистент на Факултет, за скандалот околу неговиот избор молчат и Јавното обвинителство и Државната комисија за спречување на корупцијата.

Што се чека? До каде е предметот што го оформи Јавното обвинителство?

Зошто молчи Државната комисија за спречување на корупција?

Поминаа два месеци откако изби скандалот.

Доказите, фактите и аргументите кои се објавија и веќе се јавно достапни.

Се оспоруваат условите за именување на Директор на АНБ, сомнежи има за работниот стаж, образованието, искуството и јазичниот сертификат од Бугарија од непостоечка агенција.

Прашањето е дали воопшто ги исполнува условите да биде на оваа висока позиција.

Како што јавно соопшти ДКСК предметот за Христовски е отворен на 22-ри октомври. Еве го сме декември, речиси два месеци поминаа а разрешница нема.

Побара ли ДКСК од Просветниот инспекторат информации за факултетската диплома на Христовски од Универзитетот за менаџмент и туризам?

Бидејќи законскиот рок од 15 дена за одговор е поминат јавноста очекува ДКСК да ги соопшти сите наоди и сите детали за овој скандал.

Не сакаме да веруваме дека се прават обиди да се заташка овој случај.

Јавното обвинителство пак на 1 ноември соопшти дека отворило предмет за Христовски. Помина повеќе од од еден месец, нема никаква информација.

Да не треба некој како Мицкоски да ги прозива обвинителите дека добиваат главоболка, покачена температура, грчеви во стомак, дијареа?

СДСМ бара од Јавното обвинителство и од Државната комисија за спречување на корупцијата да ја информираат јавноста за предметите за овој скандал.

Клучната безбедносна агенција стана партиска испотава на ДПМНЕ кога наместо професионалец власта ја киднапираше АНБ со поставување претседател на Градскиот комитет за директор.

Јавноста чека разрешница за лажните сертификати за познавање англиски јазик, за стажот, за образованието, дали е сторено кривично дело, кој ќе понесе одговорност?

Обвинителство и ДКСК должат одговор на клучното прашање: Дали воопшто Христовски ги исполнува условите пропушани со закон за да биде на оваа позиција?

Ги повикуваме Јавното обвинителство ДКСК да излезат пред јавноста и да соопштат што досега е преземено и до каде е случајот за скандалот со Христовски.