СДСМ: Оставка на Тошковски и одговорност за скандалот со пропуштање на сватовите на Гаши без контрола

СДСМ бара оставка или разрешување на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и истрага за утврдување одговорност, бидејќи на граничниот премин Блаце, покрај службените возила на Гаши, без проверка биле пропуштени и приватни возила од поворката која одела по невеста во Косово. „Според информациите кои од свиркачи се доставени до...

авг 20, 2024 - 18:00
 0  2
СДСМ: Оставка на Тошковски и одговорност за скандалот со пропуштање на сватовите на Гаши без контрола

СДСМ бара оставка или разрешување на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и истрага за утврдување одговорност, бидејќи на граничниот премин Блаце, покрај службените возила на Гаши, без проверка биле пропуштени и приватни возила од поворката која одела по невеста во Косово.

„Според информациите кои од свиркачи се доставени до СДСМ, границата со Косово била отворена за службените возила на Гаши, но и за други приватни возила кои исто така биле дел од поворката по невестата. Сите возила, на Гаши, на неговото обезбедување и приватните возила биле пропуштени без конотрла. Според информациите кои ги добивме, поворката пред да ја помине границата била паркирана на една бензинска станица во близина на границата. Потоа, сите возила заедно, вклучително и приватните возила, поминале на лентата за камиони, односно товарен траспорт без да бидат застанити“ рекоа од СДСМ.

Тие додаваат дека на овој начин границата со Косово била целосно приватизирана за потребите на Гаши, со амин на МВР и одговорните службеници со што е нареушена безбедноста на државата и проверката на патници, која е задолжителна со закон.

„СДСМ бара сериозна истрага од Јавното обвинителство и одговорност од сите инволвирани за овој скандал. Бараме Тошковски да си поднесе оставка или да биде разрешен во најкратка постапка. Бараме внатрешна контрола да утврди одговорност на сите кои ги пречекориле овластувањата во МВР, а Јавното обвинителство да понесе соодветни кривични пријави. Почитувани, сега стана јасно зошто ВМРО-ДПМНЕ вчера преку соопштенија го бранеше Гаши за овој скандал. Тоа е затоа што истиот не можел да се случи без поддршка од МВР и раководни структури во министерството. ВМРО-ДПМНЕ и Тошковски се фасцилитатори на ова каубојско однесување и треба да одговараат“ велат од СДСМ. СДСМ: Оставка на Тошковски и одговорност за скандалот со пропуштање на сватовите на Гаши без контрола

СДСМ бара оставка или разрешување на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и истрага за утврдување одговорност, бидејќи на граничниот премин Блаце, покрај службените возила на Гаши, без проверка биле пропуштени и приватни возила од поворката која одела по невеста во Косово.

„Според информациите кои од свиркачи се доставени до СДСМ, границата со Косово била отворена за службените возила на Гаши, но и за други приватни возила кои исто така биле дел од поворката по невестата. Сите возила, на Гаши, на неговото обезбедување и приватните возила биле пропуштени без конотрла. Според информациите кои ги добивме, поворката пред да ја помине границата била паркирана на една бензинска станица во близина на границата. Потоа, сите возила заедно, вклучително и приватните возила, поминале на лентата за камиони, односно товарен траспорт без да бидат застанити“ рекоа од СДСМ.

Тие додаваат дека на овој начин границата со Косово била целосно приватизирана за потребите на Гаши, со амин на МВР и одговорните службеници со што е нареушена безбедноста на државата и проверката на патници, која е задолжителна со закон.

„СДСМ бара сериозна истрага од Јавното обвинителство и одговорност од сите инволвирани за овој скандал. Бараме Тошковски да си поднесе оставка или да биде разрешен во најкратка постапка. Бараме внатрешна контрола да утврди одговорност на сите кои ги пречекориле овластувањата во МВР, а Јавното обвинителство да понесе соодветни кривични пријави. Почитувани, сега стана јасно зошто ВМРО-ДПМНЕ вчера преку соопштенија го бранеше Гаши за овој скандал. Тоа е затоа што истиот не можел да се случи без поддршка од МВР и раководни структури во министерството. ВМРО-ДПМНЕ и Тошковски се фасцилитатори на ова каубојско однесување и треба да одговараат“ велат од СДСМ.