СДСМ со ново раководство: Сосема нови лица во СДСМ под водство на Венко Филипче
Со денешното избирање на новото раководство на СДСМ, започнува ново поглавје во политичкото делување на партијата. Она што веднаш паѓа во очи е значајната промена во составот на тимот, претежно нови лица, кои досега не биле дел од претходните раководства. Единствено познато лице со политички ангажман е Каја Шукова, екс...
Со денешното избирање на новото раководство на СДСМ, започнува ново поглавје во политичкото делување на партијата. Она што веднаш паѓа во очи е значајната промена во составот на тимот, претежно нови лица, кои досега не биле дел од претходните раководства. Единствено познато лице со политички ангажман е Каја Шукова, екс министерката за животна средина. Овој потег на претседателот Венко Филипче е сигнал за освежување и нова насока во политиките и работата на партијата.
Новите потпретседатели не носат политички багаж од минатото, избор со кој веројатно Филипче сака да биде сигурен дека нема бидат подложни на агресивната негативна кампања на ВМРО-ДПМНЕ. Забележливо е дека и нема лица кои биле блиски до претходните претседатели на партијата или пак Зоран Заев, со кој се поврзува изборто на Филипче за претседател.
Според избори од СДСМ, целта партијата да покаже целосно нов, освежен кадровски потенцијал во јавноста со што ќе ги започне промените. По седницата на Централниот одбор Филипче изјави: „Имаме веќе план за работа. Многу силна и многу интензивна работа почнува веќе утре. Направен е план за посета на сите општински организации. Има насоки за промена во делувањето, комуникацијата со луѓето, начинот на коишто ќе допреме до членовите и симпатизерите и на оние коишто од некои причини не гласаа“ – истакна Филипче.
На неодамнешниот Конгрес, Филипче најави дека СДСМ подоготвува и целосна нова програма и идеолошка платформа која новото раководство заедно со поширок круг на луѓе блиски до партијата ќе ја развива и гради. Тој истакна дека со избор на ново раководство и нова програма СДСМ ќе се обиде да се рехабилитира по големиот изборен пораз. Тој во негоовото обраќање на когресот особено истакна дека новото раководство на партијата ќе биде пред ориентирано спрема членовите и внатрепартиската комуникација значително ќе се промени, а ароганцијата меѓу оние кои ја водат партијата веќе нема да се толерира.
Новото раководство на СДСМ сега е пред предизвикот да покаже како ова освежување ќе се претвори во конкретни резултати.