СДСМ: Тошковски и Рамука сакаат одговорноста за случајот Гаши да ја префрлат на вработените на Блаце

„Откако јавноста разбра за целиот скандал поврзан со сватовите на Гаши и нивното пропуштање низ граница без контрола, денес го обзнануваме пеколот кој им следувал на вработени на границата Блаце. Панче Тошковски и неговиот омилен началник Наим Рамука, сакаат да им се накалеми наводна одговорност на вработените на Блаце за...

септември 10, 2024 - 18:00
 0  2
СДСМ: Тошковски и Рамука сакаат одговорноста за случајот Гаши да ја префрлат на вработените на Блаце

„Откако јавноста разбра за целиот скандал поврзан со сватовите на Гаши и нивното пропуштање низ граница без контрола, денес го обзнануваме пеколот кој им следувал на вработени на границата Блаце. Панче Тошковски и неговиот омилен началник Наим Рамука, сакаат да им се накалеми наводна одговорност на вработените на Блаце за тие двајцата да останат чисти“ рече портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска на прес-кофенреција.

Таа додаде дека откако Тошковски не успеал да го скрие овој скандал од јавноста и сфатил дека мора да се бара одговорност од некого, заедно со началникот Наум Рамука дошле до идеа одговорноста да ја префрлат на луѓето кои работеле на смена на границата Блаце.

„Бидејќи СДСМ ја обзнани целата шема и директната наредба која ја дал Наим Рамука, јасно е дека овие луѓе немаат никаква одговорност. Според нашите информации, Командирот на граничниот премин Блаце, добил директно барање од Наим Рамука дека треба на шест вработени да им бидат изречени писмени опомени. Со ова, планот бил тие да поминеле без парични казни и да си ја преземеле одговорноста. Рамука го информирал Командирот дека ова мора да се заврши затоа што целата работа наводно била договорена меѓу Изет Меџити и Панче Тошковски, на високо политичко ниво“ рече Кузеска.

Таа додаде дека Командирот сепак одбил да изрече таква казна, сметајќи дека тоа е нечесно кон вработените и јасно кажал дека нема одговорност кај нив и побарал случајот да го реши Внатрешната контрола на МВР.

„Според нашите информации, во моментов случајот е во Внатрешна контрола која мака мачи како да го оправда целиот случај и очигледно се обидуваат да направат манипулација и да обвинат некој друг. Ова е МВР под водство на Тошковски почитувани граѓани. Ова е добро познатото ВМРО-МВРО и методите од времето на Гордана Јанкуловска“ рече Кузеска.

Од СДСМ исто така побараа итно, јавно и транспаретно да се објават наодите од Внатрешна контрола и одговорноста да се лоцира кај тој што ја дал командата.