Седум загинати во пожар во станбена зграда во Ница

Седум лица загинаа во пожар што избувна во станбена зграда во Ница во југоисточна Франција во ноќта кон четвртокот, соопштија пожарникарите. Се уште не е познато што го предизвикало пожарот кој избувнал на седмиот кат од зграда во квартот Мулнс во работничкиот дел на градот. „И покрај големите напори, за...

јул 18, 2024 - 16:30
 0  2
Седум загинати во пожар во станбена зграда во Ница

Седум лица загинаа во пожар што избувна во станбена зграда во Ница во југоисточна Франција во ноќта кон четвртокот, соопштија пожарникарите.

Се уште не е познато што го предизвикало пожарот кој избувнал на седмиот кат од зграда во квартот Мулнс во работничкиот дел на градот.

„И покрај големите напори, за жал седум лица загинаа при пожарот“, соопштија од итните служби. Три лица итно се префрлени во болница.

Во гаснењето на пожарот учествувале 72 пожарникари./Извор:Makfax