Шефот на НАТО денеска ќе се сретне со Трамп
Генералниот секретар на НАТО Марк Руте денеска во Белата куќа ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп, во време кога Трамп се заканува со големи промени во политиката на алијансата, што може да има далекусежни последици. Администрацијата на Трамп е се поблиска до рускиот претседател Владимир Путин поради војната...

Генералниот секретар на НАТО Марк Руте денеска во Белата куќа ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп, во време кога Трамп се заканува со големи промени во политиката на алијансата, што може да има далекусежни последици.
Администрацијата на Трамп е се поблиска до рускиот претседател Владимир Путин поради војната во Украина, што ја доведува во прашање долгорочната посветеност на САД кон европската безбедност и самиот НАТО.
Трамп, исто така, бара европските членки на НАТО значително да ги зголемат трошоците за одбрана, барајќи од нив да ја надминат сегашната цел од 2% од БДП препорачана од Алијансата.
Ако Руте има резерва за потезите на Трамп, тој засега не ги искажува јавно.
Наместо тоа, тој се обидува да ги обнови односите меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и Трамп по напнатата средба меѓу двајцата лидери во февруари.
Зборувајќи за Би-би-си следниот ден, Руте рече дека му рекол на Зеленски дека „сите мора да го почитуваат“ она што Трамп досега го направил за Украина./Извор:Makfax