Снежни врнежи најавени за делови во Македонија – Метеоцентар со детална прогноза за следните 3 дена
Попладне под влијание на циклонска активност од запад ќе започнат врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег. Утре поради спуштање на студена воздушна маса од север ќе дува засилен северен ветер (над 65 км/час) и врнежите ќе преминат во снег и во некои од пониските...
Попладне под влијание на циклонска активност од запад ќе започнат врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег. Утре поради спуштање на студена воздушна маса од север ќе дува засилен северен ветер (над 65 км/час) и врнежите ќе преминат во снег и во некои од пониските места. Наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 л/м2), па на планините снежната покривка позначително ќе се зголеми. Помала снежна покривка се очекува и во некои од пониските места. Преодно стабилизирање на времето ќе има во недела, а од понеделник се очекуваат нови врнежи претежно од снег.
Прогноза за 22.12.2024
Минимална температура: -6°C до 2°C
Максимална температура: 3°C до 9°C
Утрото студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.
Прогноза за 23.12.2024
Минимална температура: -5°C до 1°C
Максимална температура: 1°C до 8°C
Претежно облачно со врнежи од дожд, а на планините и на некои од повисоките места од снег. Наместа врнежите ќе бидат пообилни. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец.
Прогноза за 24.12.2024
Минимална температура: -3°C до 2°C
Максимална температура: -1°C до 5°C
Променливо облачно и студено, претпладне со локални врнежи од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.