Со возило се залета во луѓе во Ванкувер, 11 мртви, повеќе од 20 повредени
Трагедија се случи на улиците на Ванкувер: возило удри во толпа што го славеше Денот на Лапу Лапу, при што загинаа најмалку 11 лица, а повеќе од 20 беа повредени. Премиерот на Канада рече дека земјата е скршена поради овој настан. Според вршителот на должноста шеф на полицијата во Ванкувер,...

Трагедија се случи на улиците на Ванкувер: возило удри во толпа што го славеше Денот на Лапу Лапу, при што загинаа најмалку 11 лица, а повеќе од 20 беа повредени. Премиерот на Канада рече дека земјата е скршена поради овој настан.
Според вршителот на должноста шеф на полицијата во Ванкувер, Стив Раи, се очекува бројот на жртви дополнително да расте. „Бројни луѓе беа повредени, некои со сериозни повреди“, рече Раи, додавајќи дека жртвите биле префрлени во девет болници низ Ванкувер. Меѓу повредените има мажи, жени и млади луѓе.
Нападот се случил додека сè уште траел фестивалот „Денот на Лапу Лапу“, со стотици луѓе на улиците.
Полицијата не го објави идентитетот на осомничениот бидејќи сè уште не се поднесени обвиненија, но Раи потврди дека тој е жител на Ванкувер кој има значајна историја на контакти со полицијата и здравствените установи поради проблеми со менталното здравје.
Тој исто така нагласи дека нема индикации дека станува збор за терористички напад, бидејќи тероризмот мора да има политичка или религиозна мотивација./Извор:Makfax